Американскиот државен секретар Марко Рубио и советникот на Трамп, Илон Маск се судрија со министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски, велејќи му дека треба да биде тивок и благодарен што Русија не е на границите на Полска, . Во објавата на Икс, повикувајќи на мирно решавање на војната во Украина, Маск изјави дека неговиот систем „Старлинк“ е рбетот на украинската војска.
Старлинг, кој обезбедува интернет конекција преку сателитите на Спејс Икс, е од клучно значење за украинските воени операции, а Маск тврди дека украинската линија на фронтот би колабирала без неговата технологија.