Можеби се сеќавате колку пати бевме сами кога ги предупредувавме другите европски партнери за руската закана, а сега ќе видиме како Европа се обединува околу истиот проблем со кој Полска често се соочуваше сама, изјави Туск, чија земја е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Туск го повика полскиот претседател Анджеј Дуда да ги ратификува измените на Законот за миграција и азил, со што на Владата би и се овозможило привремено суспендирање на барањата за азил на илегалните мигранти.
Според Туск, ова и е неопходно на Полска за да се спротивстави на „растечкиот притисок“ на нејзината граница со Белорусија, во услови кога Минск и Москва ја поттикнуваат илегалната миграција на надворешните граници на ЕУ. - Де факто водат војна, која тие ја нарекуваат хибридна, но тоа е нешто посериозно од хибридна војна, додаде Туск пред заминувањето на Самитот на ЕУ во Брисел. Kanal5