Американскиот претседател Доналд Трамп денеска соопшти дека САД, по пауза, наскоро ќе започнат со производство на борбен авион од шестата генерација наречен Ф-47. „По моја насока, Военото воздухопловство на Соединетите Американски Држави оди напред со првиот светски борбен авион од шеста генерација, број шест, шеста генерација, и ќе биде познат како Ф-47“, рече Трамп на заедничката прес-конференција со министерот за одбрана Пит Хегсет.
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша извршна наредба со цел да се затвори Министерството за образование.
Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека очекува „многу брзо“ да биде договорен целосен прекин на огнот во Украина.