1 (9) ■ вести > свет ■ 28-Mar 09:34 -> 28-Mar 10:51
.
.
.
.

Би-Би-Си: Зошто е тешко да се добијат информации од Мјанмар

  • Најмалку еден загинат, еден исчезнат и 50 повредени во уривање на зграда во Бангкок по земјотресот

Со Мјанмар од државниот удар во 2021 година управува воена хунта, што го отежнува пристапот до информации, јави Би-Би-Си. Државата ги контролира речиси сите локални радио, телевизија, печатени и онлајн медиуми.

Најмалку едно лице загина, а 50 други се повредени откако висококатница во изградба се урна во Бангкок по силниот земјотрес што во петокот го погоди соседен Мјанмар, соопштија тајландските власти.

3 (12) ■ вести > македонија ■ 28-Mar 09:05 -> 28-Mar 10:20
.
.
.
.

МЖСПП: „Булмак“ казнет со 200 илјади евра за истекување технолошка вода

  • Фирма од Крива Паланка ќе се олесни за 200.000 евра: Ресорното министерство жестоко ги казни

Компанијата БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип, подружница Рудник Тораница, Крива Паланка, е казнета со 200 илјади евра поради инцидент во кој дошло до пукање на цевка, преку која се транспортира технолошка вода од седиментацискиот базен за рударски води до постројката за флотација.

По извршен вонреден инспекциски надзор на ден 24.03.2025 година, од страна на Државниот инспекторат за животна средина, утврдено е дека од страна на БУЛМАК 2016 ДООЕЛ Пробиштип подружница Рудник Тораница, Крива Паланка согласно член 212-ж став (1) точка 16 и став (2) од Законот за животна средина е сторен прекршок од трета категорија при што гореименуваниот сторител е согласен за поведување на постапка за спогодување согласно Законот за животна средина пред Комисијата за спогодување при Министерството за животна средина и просторно планирање.

13 (5) ■ вести > свет ■ 28-Mar 08:07 -> 28-Mar 09:16
.
.
.

Маск најави брзо завршување на планираното намалување на сојузните трошоци

  • Маск најави скорешно завршување на планираните кратења на сојузните трошоци

Технолошкиот милијардер , кого американскиот претседател Доналд Трамп го ангажира за да ја намали бирократијата на владата, синоќа изјави дека најголемиот дел од работата за намалување на федералните трошоци за 1 трилион долари ќе биде завршена до крајот на неговиот мандат, односно за 64 дена.

Технолошкиот милијардер Илон Маск, кој беше ангажиран од американскиот претседател Доналд Трамп за да ја намали државната администрација, изјави во четвртокот дека најголемиот дел од работата за намалување на сојузната потрошувачка за трилион долари ќе биде завршена до крајот на неговиот мандат, односно за 64 дена.

Повеќе од
оваа категорија

Повеќе од
оваа категорија

201 (4) ■ бизнис > економија ■ 26-Mar 13:43 -> 26-Mar 14:36
.
.
.
.

ЕУ ПЛАНИРА ОТСТАПКИ ОД ЗАШТИТНИТЕ МЕРКИ ЗА УВОЗ НА ЧЕЛИК - Украина е меѓу нив, како и земјите дел од ЕЕА

  • ЕУ предвидува исклучоци од најавените заштитни мерки за увозот на челик

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави портпарол на ЕК. - Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА - информира портпаролот.

Новите заштитни мерки за увозот на челик во ЕУ, што вчера ги најави Европската комисија, нема да важат за земјите чиј удел во увозот е помал од три отсто, за Украина, како и за државите кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА) – Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, изјави за МИА портпарол на ЕК. – Заштитните мерки се однесуваат на сите трети земји, освен на земјите во развој чиј удел во увозот од ЕУ во дадената категорија производи е помал од три отсто, Украина и државите од ЕЕА – информира портпаролот.