Најмалку 18 лица загинаа во големи шумски пожари во Јужна Кореја, соооштија официјални претставници кои додадоа дека е нанесена штета без преседан.
Најмалку 18 лица се загинати, а 19 се повредени во шумски пожари во Јужна Кореја кои го имаат зафатено југоисточниот дел на земјата, покажуваат најновите бројки на Министерството за внатрешни работи и безбедност, пренесува Би-би-си. Шумските пожари што се поттикнати од ветрот и сувиот период се меѓу најлошите досега во Јужна Кореја уништувајќи повеќе од 200 објекти и принудувајќи 23 илјади луѓе да се евакуираат.