Претседателот на Франција, Емануел Макрон, синоќа изјави дека предложените европски воени сили, кои на крајот ќе бидат распоредени во Украина, врз основа на потенцијалниот мировен договор, би можеле „да одговорат на рускиот напад“ доколку Москва го започне.
Макрон денеска организира уште еден самит на „Коалицијата на подготвени “ за мир и безбедност за Украина, по низата состаноци одржани во Париз и Лондон во последните недели.