Во земјотресот во Мјанмар, кој беше почувствуван во Тајланд, во Бангкок загинаа 18 лица Во земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што завчера го погоди Мјанмар, а кој беше почувствуван и во Бангкок и предизвика пустош во Тајланд, 18 лица загинаа во Бангкок, објави денеска тајландската државна јавна телевизија ПБС, повикувајќи се на извори во спасувачката служба во тој град.