Авион на Владата на Република Српска слета утрово на аеродромот во Белград и во него според српски босански медиуми, се наоѓа претседателот на РС, Милорад Додик, Авион на Владата на Република Српска слета утрово на аеродромот во и во него според српски босански медиуми, се наоѓа претседателот на РС, , јави МИА од Белград.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, откако по него беше распишана меѓународна потерница, денеска од Израел изјави дека продолжува злоупотребата на судството на Босна и Херцеговина (БиХ) за политички цели.
Авионот на владата на Република Српска, кој синоќа околу 22:30 часот полетал од Израел, слетал во Белград денеска околу 1:20 часот.
Судот на Босна и Херцеговина побара распишување меѓународна потерница за претседателот на Република Српска, Милорад Додик и за претседателот на Народното собрание на Република Српска Ненад Стевандиќ, откако ја преминале државната граница, а по нив има распишана внатрешна потерница, пишува Кликс.ба. Судот на БиХ го поднесе барањето за меѓународна потерница до канцеларијата на Интерпол во Сараево, а за да биде ефективна, меѓународната потерница треба да биде одобрена од централата во Лион.