Цела Украина беше во воздушна готовност од два часот по Гринич, откако воздухопловните сили на земјата предупредија за напад, вклучително и во регионите што граничат со Полска, принудувајќи ја членката на НАТО да приземји авиони за да се обезбеди воздушна безбедност.
Пожари се регистрирани во најмалку три области на Киев – изјави градоначалникот Виталиј Кличко во објава на Телеграм. Plusinfo
Најмалку три лица се повредени, а неколку пожари избувнаа во Киев рано утринава по руски ракетен напад, соопштија градоначалникот и воената администрација на главниот град на Украина. Denesen