Американскиот државен секретар Марко Рубио објави дека се сретнал со пратеникот на рускиот претседател Владимир Путин и, како што наведе, „го вратил во Москва со порака дека часовникот отчукува за Русија“ во врска со напредокот во мировните преговори за ставање крај на војната во Украина.
Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска во Брисел изјави дека за неколку недели ќе се знае дали Русија сака мир во Украина или не. По дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на НАТО, Рубио изјави пред новинарите дека американскиот претседател Доналд Трамп „нема да падне во замката на бескрајните преговори заради преговори“.