Главната железничка станица во северозападниот германски град Оснабрик беше затворена денеска, а околината е евакуирана откако беа пронајдени четири бомби за кои постои сомневање дека се од Втората светска војна, соопшти националната железничка компанија Дојче Бан (ДБ). Ограничувањата што го засегаат меѓуградскиот, дневниот и товарниот сообраќај ќе останат во сила цел ден, соопшти ДБ. Околу 15.400 жители мораа да ги евакуираат своите домови рано утринава, откако истрагите открија сомнителни бомби на поранешната товарна станица, соопштија градските власти. Denesen