Јеменските сили се судрија со американски воени бродови во Црвеното Море, а американските сили извршија нови воздушни напади на западот на Јемен, објавија денеска иранските медиуми.
Јеменските вооружени сили рано утринава соопштија дека јеменските ракетни, воздухопловни и поморски сили се судриле со неколку американски воени бродови во северниот дел на Црвеното Море, вклучително и носачот на авиони USS Harry S. Truman, кој лансираше неколку крстаречки ракети и беспилотни летала, јавува иранската државна агенција ИРНА.