Белата куќа ја откажа предвидената заедничка прес-конференција закажана за попладнево меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Предвидената прес-конференција со премиерот Бенјамин Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп е откажана, објави претставник на Белата куќа, пренесе Си-Ен-Ен. Нетанјаху денеска се сретна со Трамп во Белата куќа, а главна тема на разговор ќе бидат новите царини што САД му ги воведоа на Израел, соопштија од кабинетот на Нетанјаху.