Стив Виткоф, специјалниот пратеник на претседателот на САД, Доналд Трамп, за Блискиот Исток, го опиша својот неодамнешен разговор со рускиот претседател Владимир Путин како „убедлив“ и изјави дека се разговарало за прекин на огнот во Украина и за создавање нови деловни можности, јави „Укринформ“ повикувајќи се на интервју на Виткоф за Фокс њуз.
„Овој мировен договор се однесува на така наречените пет територии, но има многу повеќе од тоа – безбедносен протокол, без НАТО, без Член 5 од НАТО.