Премиерот на Словачка Роберт Фицо денеска изјави дека ќе присуствува на прославата на Денот на победата во Москва и дека остро се противи на предупредувањето на високата претставничка на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, дека европските лидери не треба да учествуваат на тој настан. Libertas
Предупредувањето и заканата на Каја Калас е непочитување и јас силно се спротивставувам на тоа – напиша Фицо на Х. Тој потсети дека Калас ги предупреди лидерите на земјите-членки на ЕУ да не учествуваат на мајските прослави на Денот на победата во Москва и им порача дека „таквото учество нема да биде сфатено лесно“ во Брисел.
Ќе одам во Москва на 9 мај. Plusinfo