Кина започна дипломатска офанзива во Југоисточна Азија во услови на заострен трговски спор со САД, анализира Би-Би-Си. Кинескиот претседател Си Џинпинг пристигна во Виетнам, каде се сретна со лидерот на Комунистичката партија То Лам и премиерот Фам Мин Чин.
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска ја започна еднонеделната турнеја низ Југоисточна Азија во Виетнам, истакнувајќи ја посветеноста на Пекинг на глобалната трговија, веднаш откако американскиот претседател Доналд Трамп ја разбранува глобалната економија со своите најнови тарифи.
Кина го забрани извозот на ретки минерали и магнети без посебни дозволи што може да ги парализира клучните сектори на американската индустрија и да ја загрози воената безбедност на САД.