Во Истанбул, каде денеска малку попладне беше регистриран силен земјотрес со јачина од 6,2 степени, се случија уште 127 последователни потреси, изјави турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала, кој претходно денеска го погоди Мраморното Море, во близина на Истанбул, предизвика голема паника кај над 15 милиони жители.
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска регионот на Истанбул, јавија турските медиуми, повикувајќи се на извештај на Дирекцијата за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД). Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време, откако на истата локација во 12:13 часот бил регистриран земјотрес од 3,9 степени.