Поранешниот премиер на Велика Британија Борис Џонсон остро ги критикуваше предлозите на американскиот претседател Доналд Трамп за запирање на руската војна во Украина.
Во објава на Икс, истакна дека рускиот претседател Владимир Путин продолжува неселективно да убива украински цивили – повеќе од 100 убиени и ранети во Киев, меѓу кои и деца – а во замена за тоа му се нуди право да задржи насилно освоена суверена украинска територија, да ја контролира иднината на Украина преку забрана за нејзино членство во НАТО, да добие укинување на санкциите, економско партнерство со САД и можност повторно да ја изгради армијата за нов напад по неколку години.