Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, синоќа изјави дека одредени личности во Европа го блокираат процесот на европска интеграција на Украина за да добијат подобро место на Црвениот плоштад во Москва. Kanal5
Жалиме што одредени личности во Европа го блокираат овој процес.
Не поради интересите на нашата земја, туку поради подобро место на подиумот на Црвениот плоштад“, рече Зеленски на заедничката прес-конференција со чешкиот претседател Петр Павел во Прага, пренесува Укринформ. Denesen
„Европа мора да биде силна за да бидат заштитени интересите на сите“, рече Зеленски.
Тој додаде дека не ја исклучува можноста Русија да организира провокации за време на парадата на Денот на победата на 9 мај. Telma