Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф ѝ се обрати на нацијата откако Индија изврши воздушни напади врз цели во Пакистан и Кашмир под пакистанска управа.
Нападите на Индија врз Пакистан беа насочени кон „терористички кампови“ кои служеа како центри за регрутирање и места за стационирање, каде што се складира оружје и има објекти за обука, соопшти индиската војска.
Индиската полиција и медицински лица, пак, соопштија дека најмалку седум цивили се загинати, а 30 други се ранети од пакистанско пукање и гранатирање на повеќе места на границата што го дели спорниот Кашмир меѓу двете земји Шефот на пакистанската армија изјави дека 26 цивили загинале во нападите на Индија што во текот на ноќта се случија на девет цели во Пакистан и пакистанскиот дел од Кашмир, пренесува „гардијан“.
Индија и Пакистан се нуклеарни сили во актуелен судир, а секоја поседува околу 180 нуклеарни боеви глави.