Израел не се обврза на прекин на огнот со радикалната палестинска група Хамас во Појасот Газа, ниту на размена на заложници за Палестинци во израелски затвори, туку само на обезбедување безбеден коридор за ослободување на заложникот со израелско и американско државјанство Едан Александар, соопшти денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Plusinfo
„Со радост соопштувам дека Едан Александар ќе се врати дома кај своето семејство“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут Соушал“, нарекувајќи ја оваа вест „монументална“.
„Ова е чекор во добра насока кон САД и напорите на посредниците – Катар и Египет – за ставање крај на оваа брутална војна и враќање на сите живи заложници и останките на нивните најблиски“, додаде Трамп. Libertas