„Не сум задоволна од она што го гледам во Србија… Новиот премиер и претседателот на Народното собрание ми ветија дека реформите ќе бидат брзо спроведени, но претседателот на Србија им го вети истото на претседателот на Европската комисија и на претседателот на Европскиот совет на крајот на март, па ништо не се случи… Ќе видиме како ќе продолжиме“, изјави европската комесарка Марта Кос на дебатата за Планот за раст за Западен Балкан, што се одржа синоќа во Европскиот парламент.
Со своите шест милијарди евра Инструментот за реформи и раст за Западниот Балкан е главен механизам за забрзување на економската конвергенција на земјите од регионот во ЕУ, уште пред нивното зачленување во блокот, изјави еврокомесарката за проширување Марта Кос во обраќањето на размена на мислења за Инструментот со членови на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) и за буџет на Европскиот парламент.