Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја обвини Украина за водење на дезинформативна и клеветничка кампања против неговата земја, организирана од украинските специјални служби, и побара од новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, веднаш да реагира.
„Му кажав на генералниот секретар на НАТО дека сметам за неприфатливо земја која не е членка на НАТО, Украина, да спроведува дезинформативна и клеветничка кампања против Унгарија, членка на НАТО, организирана од тајните служби“, рече тој на унгарскиот телевизиски канал ТВ2 по разговорот со Руте на маргините на самитот на Европската политичка заедница во Тирана.