Акциите на „Тесла“ пораснаа за околу пет проценти откако несогласувањата меѓу извршниот директор на компанијата, Илон Маск, и американскиот претседател Доналд Трамп еден ден претходно доведоа до пад на пазарната вредност на компанијата од 152 милијарди долари (133 милијарди евра), објави денес „Си-Ен-Ен“.Акциите скокнаа откако некои американски медиуми објавија дека Трамп наводно денес му испратил на Маск покана за разговор за намалување на тензиите, што самиот Трамп подоцна го негираше за „Еј-Би-Си њуз“.„Маск има потреба од Трамп, а на Трамп му е потребен Маск од повеќе причини, па затоа нивното повторно пријателство ќе биде огромно олеснување за пазарната вредност на „Тесла“, напиша аналитичарот Ден Ивс за „Ведбуш секјуритизис“.
Илон Маск ја заостри јавната расправија со Доналд Трамп, нагласувајќи дека американскиот претседател ќе ги изгубел изборите без неговата поддршка.
Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го суспендира приемот на странски студенти на Харвард за шест месеци, наведувајќи ги загриженоста за националната безбедност и велејќи дека дозволувањето на таков прием е „штетно за интересите на Соединетите Американски Држави“.
Трамп има право на свое гледиште, но за Русија ова е егзистенцијален проблем кој се однесува на националната безбедност и иднината на земјата, изјави Песков.