Најмалку 27 лица се хоспитализирани по сообраќајната несреќа во Ливерпул, за која полицијата соопшти дека не се третира како „случај на тероризам“.Автомобил се заби во толпа навивачи на Ливерпул во понеделник вечерта, при што беа повредени 47 лица, меѓу кои и четири деца.
Вкупно 27 лица се пренесени во болница, од кои две се наоѓаат во критична состојба, по вчерашниот инцидент кога маж со автомобил удри во толпа луѓе кои ја славеле шампионската титула на фудбласкиот клуб Ливерпул во истоимениот британски град, пренесуваат тамошните медиуми по прес-конференцијата на надлежните во врска со настанот.Меѓу двете повредени лица кои се критична состојба е и едно дете, објави британскиот национален сервис Би-би-си. Шокатниот настан се случи вчера попладне по 18 часот на улицата Вотер во центарот на Ливерпул, додека илјадници навивачи ја славеа 20. титула на фудбалскиот клуб Ливерпул во Премиер лигата.Заменик-началниката на полицијата во Ливерпул, Џени Симс, ги потврди претходните извештаи дека на местото на настанот е уапсен 53-годишен маж од околината на Ливерпул, за кого полицијата верува дека го управувал возилото со кое беа повредени речиси 50 лица.
Сезоната во Англија заврши вчера, попладнево во Ливерпул беше организирана парадата.
Речиси 50 лица се повредени, а 27 се однесени во болници, вклучувајќи двајца во критична состојба, од кои едно е дете, откако 53-годишен маж со автомобил удрил во толпа луѓе што ја гледале победничката парада во Ливерпул, беше објавено на прес-конференција во Ливерпул.