Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, и министерот за надворешни работи, Марко Рубио, неодамна ја критикуваа Германија на социјалните мрежи за тоа што ја ставила под надзор крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД). Рубио го нарече тоа „тиранија под маската на демократија“, а Венс рече дека „Берлинскиот ѕид е обновен, овој пат не од Советите, туку од германскиот естаблишмент“. Makfax