Израелските сили ги пронашле телата на двајца израелски Американци однесени во Газа како заложници за време на нападот предводен од Хамас врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година, соопшти израелската војска, пренесува Би-би-си. Џуди Вајнштајн Хагај (70), која исто така била канадска државјанка, и нејзиниот сопруг Гади Хагај (72), биле убиени од вооружени лица од групата Муџахедински бригади кога го нападнале кибуцот Нир Оз, се вели во соопштението.
Facebook / United Nations САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата.