Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека „не е тешко да се предвиди“ до каков заклучок ќе дојде дипломатската мисија на Европската унија во истрагата за тоа дали Израел го крши меѓународното право во Појасот Газа, што би можело да влијае на Договорот за соработка меѓу Брисел и Тел Авив.
САД блокираа нацрт-резолуција на Советот за безбедност на ОН, со која се бара итен, безусловен и траен прекин на огнот во Газа меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, како и непречена дистрибуција на хуманитарна помош низ енклавата.
Телото на последниот тајландски заложник, Пинта Натапонг, е пронајдено вчера во Појасот Газа, за време на специјална операција спроведена од страна на израелските вооружени сили (ИДФ) и израелската Служба за внатрешна безбедност (ИВБ), потврди Канцеларијата на премиерот во денешно соопштение, како што објави „Џерусалем пост“.
Жртвите се идентификувани како 72-годишниот Гади Хагаи и неговата 70-годишна сопруга Џудит Вајнштајн.