Тоа е нова ескалација од почетокот на војната во Појасот Газа во октомври 2023 година, што би можела да се претвори во отворена војна меѓу двете земји, по децении тајни конфликти и копнени, морски, воздушни и кибер напади.
Израел изврши серија напади врз Иран рано утринава, околу 3 часот по локално време.
Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.
Ирански функционер изјави дека „пријателска земја“ го предупредила Техеран за можен израелски напад врз неговите нуклеарни постројки, а иранските државни медиуми објавија дека иранската војска започнала вежби порано од планираното за да се фокусира на „непријателските движења“, објави Ројтерс.