Парламентот на Унгарија во март усвои Закон, според кој полицијата има овластување да ги забрани настаните организирани од ЛГБТ заедницата, Градоначалник на Будимпешта, Гергеји Карачон се обидува да го заобиколи Законот наведувајќи дека Парадата на гордоста ќе биде општински настан, за што „не се потребни дозволи од властите“. Vecer
Унгарската полиција денес објави дека ја забрани Парадата на гордоста во Будимпешта, која беше планирана за 28 јуни, пренесува Си-Ен-Ен. Во полициското соопштение се нагласува дека „не може да се исклучи, а можеби и неизбежно, лице под 18 години да може да учествува во активности забранети со закон“, додавајќи дека маршот може да доведе до „пасивни жртви“ – луѓе кои не сакале да бидат дел од собирот, но ќе бидат принудени да бидат набљудувачи поради јавната природа на настанот. Press24
Главниот град ќе биде домаќин на празникот на слободата „Будимпешта гордост“ (Budapest Pride) на 28 јуни, денот на унгарската слобода, како општински настан.
Точка, објави Карачон на Фејсбук. Sitel
Причината за ваквата одлука, според полицијата, е дека не може да се исклучи учество на малолетни лица во активности кои се забранети со закон.
Дополнително, во соопштението се наведува дека јавниот карактер на настанот може да создаде ситуации во кои граѓани што не сакаат да учествуваат, сепак ќе бидат изложени на случувањата на Парадата.Инаку, градските власти претходно беа планирале традиционалната манифестација како официјален настан посветен на слободата. Vecer