„АКО РАСЕАНИОТ ТРАМП ВЛЕЗЕ ВО ВОЈНАТА, ЌЕ ГИ ИЗГУБИ СИТЕ ТРИЛИОНИ ШТО ГИ СОНУВА“ Шиитската милиција од Ирак им се закани на САД Нафтените пристаништа покрај Црвеното Море ќе престанат да работат, а да не ги спомнуваме непредвидените изненадувања што би можеле да ги чекаат нивните авиони на небото, рече шефот за безбедност на шиитската милиција од Ирак, Абу Али ал-Аскари.
Моќната шиитска милиција од Ирак, која е поддржана од Иран, објави дека ќе нападне американски воени бази на Блискиот Исток доколку администрацијата на Трамп се вклучи во израелско-иранскиот конфликт.