Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, најави воведување на царина од 25 проценти за увоз од Јапонија и Јужна Кореја, почнувајќи од 1 август, потврди портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит.Трамп, исто така, објави дека уште 12 земји наскоро ќе добијат официјални писма за трговски мерки, кои ќе бидат објавени на неговата платформа Truth Social, пренесува Ројтерс.
Како што им рече Левит на новинарите, во текот на денот, Трамп ќе потпише и извршна наредба со која официјално се одложува претходно објавениот рок за воведување царински давачки, од 9 јули до 1 август.