Кремљ денеска соопшти дека групата БРИКС никогаш не делувала на начин кој има цел да ги поткопа другите земји, откако американскиот претседател Доналд Трамп најави 10-процентни царини за земјите кои ја поддржуваат „антиамериканската политика“ на БРИКС.
Американскиот министер за финансии Скот Бесант денеска објави дека драстично зголемените американски царини ќе стапат во сила на 1 август, пренесува Бета.
Лидерите на земјите-членки на БРИКС денес, на самитот што се одржува во Бразил, повикаа на заштита од неовластена употреба на вештачка интелигенција (ВИ). Ова беше направено за да се избегне прекумерно собирање податоци и да се обезбедат механизми за фер исплата на авторски права, стои нацрт-изјавата што ја виде Ројтерс.
Фото: ЕПА Сите страни во конфликтот во Украина мора да го продлабочат дијалогот за да најдат мирно решение и да воспостават траен мир – изјави бразилскиот претседател Луиз Инасио Лула да Силва на отворањето на самитот на БРИКС во Рио де Жанеиро.