Предложените измени предвидуваат проширување на кривичната одговорност во три клучни области - кривичното дело влегување на терорист во земјата, казни за подготовка на терористички акти и построги мерки против странски шпиони.
Германската федерална влада планира значително да ги заостри законите против тероризам и шпионажа, дознава германскиот „Билд“, наведувајќи дека федералната министерка за правда Стефани Хубиг подготвила пакет законски измени што е доставен до федералните покраини на разгледување. Kanal5