Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани денеска учествуваше на петтата трибина во рамките на Платформата „100% Посветено за тебе“ со фокус на социјалната и здравствената заштита во нашето општество.
Зголемување на гарантирана минимална помош за 10 отсто, на посебниот додаток за 30 проценти, на паричната помош за квадриплегија за 50 отсто, за потполно глуви лица за 20 отсто, на правото на надоместок на плата за скратено работно време за родители поради нега на дете или лице со телесна и ментална попреченост и најтешки хронични заболувања за 30 проценти, како и воведување ново право на парична помош за лицата без горни екстремитети, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.