Американскиот претседател Доналд Трамп откри нов безбедносен план со кој ѝ се заканува на Русија со „сериозни секундарни тарифи“ доколку не се согласи на договор за прекин на војната во Украина во рок од 50 дена.
Американскиот претседател Доналд Трамп ќе испрати ракети „Патриот“ во Украина, наведувајќи дека на Киев му се потребни за да се одбрани од Русија.
На заедничката прес-конференција во Белата куќа со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, Трамп потврди договор со членките на НАТО, главно од Европа, за испорака на „висококвалитетно“ оружје за помош на Украина, вклучувајќи ракетни системи „Патриот“, за кои рече дека ќе бидат испратени во земјата „во рок од неколку дена“ и дека сојузниците ќе платат за нив.
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, утре и задутре ќе го посети Вашингтон и таму ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, државниот секретар Марко Рубио и министерот за одбрана Пит Хегсет, се наведува во соопштение на НАТО.