Оваа недела (17.11.2024), со почеток од 16 часот во Скопје, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка “Низ улиците на Скопје 2024” Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој Ноември во Чест на Ослободувањето на Град Скопје. Nezavisen
В недела со почеток од 16 часот во Скопје, по повод Денот на ослободувањето на Скопје, 13 Ноември, а во организација на Атлетската Федерација на Македонија ќе се одржи традиционалната меѓународна ноќна атлетска трка “Низ улиците на Скопје 2024” Ноќната атлетска трка е една од најстарите манифестации кај нас и една од најстарите на Балканот и се одржува традиционално секој Ноември во Чест на Ослободувањето на Град Скопје.
Првата трка била одржана во далечната 1953 г. и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км. На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м , со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки. Sport1
Првата трка била одржана во далечната 1953 г. и се трчало во поединечна и екипна конкуренција, стартот и целта биле на срeдината на плоштадот, a должината била 5 км. На програмата на овогодинешното издание се две трки и тоа главна трка на 5км и детска трка до 12 години на 400м , со пријавени на повеќе од 400 учесници во двете трки.
Овој настан е во организација на Атлетската Федерација на Македонија, а е поддржан од Министерството за Спорт, Општина Гази Баба и Министерството за Внатрешни Работи. Skopjeinfo