Во полуфиналето на последниот овогодишен Мастерс, Синер го декласираше Каспер Руд со 2-0, во сетови 6-1, 6-2. Синер својата доминација ја потврди со дури 23 винери и 9 неизнудени грешки, а односот на Руд беше 10-14. Во големото финале, в недела од 18.00 часот, Синер ќе се бори за титулата со Тејлор Фриц.