Бранителот на титулата на Австралија Опен, Јаник Синер обезбеди пласман во четвртфиналето од Гренд слемот во Мелбурн откако во четири сета го совлада Холгер Руне (6-3, 3-6, 6-3, 6-2). Тоа беше најтежок меч за Италијанецот во досегашниот дел од турнирот, а му требаа нешто повеќе од четири сета за да дојде до победата.
Клучен се покажа медицинскиот тајмаут кон средината на третиот сет кога Синер беше во мала криза, Руне во налет, а резултатот беше 1-1 во сетови.