1 (48) ■ вести > македонија > хроника ■ 21-Feb 07:00 -> 21-Feb 18:07
.
.
.
.

Нови детали: Имало еден неуспешен обид за грабнување и убиство на Вања

  • Судење за убиствата на Вања и Панче: Осомничените се подготвувале за убиствата

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителите, се гледаат снимки од камерите на куќата на обвинетиот Манев

  • Одбиено барањето на Палевски за изземање на обвинителките и на шефот на ОЈО, судењето продолжи со изведување докази

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска со изведување на материјални докази продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.

Четворицата обвинети за двојното убиство на Вања и Панче, според доказите на Обвинителството од надзорните камери од дворот на куќата на Велибор Манев се подготвувале за извршување на убиството на Жежовски.

Со изведување на материјални докази предложени од Обвинителството денеска во Основниот Кривичен суд Скопје продолжува судењето за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.

Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет во случајот за грабнувањата и убиствата на Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски Основното јавно обвинителство Скопје донело решение дека барањето за изземање на обвинителките Жаклина Крстевска-Јосифовска и Ана Стојковиќ-Димитровска и на шефот на ОЈО Скопје Гаврил Бубевски е неосновано.

2 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Feb 10:36 -> 21-Feb 18:12
.
.
.
.

ОДОБРЕНИ СЕ ПРВИТЕ КРЕДИТИ ЗА КОМПАНИИТЕ ОД УНГЕРСКИОТ ЗАЕМ Бизнисот бара пониски царини и полесни даночни процедури

  • Одобрени првите кредити од унгарскиот заем на компаниите

  • Димитриеска-Кочоска: Ако има „картелско“ здружување на маркетите цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде

Дел од кредитите се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во врска со унгарскиот заем.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на денешната прес-конференција кажа дека дел од кредитите од унгарскиот заем се веќе одобрени, а поднесени се и барања до Развојната банка за префрлање на средствата.

Ако постои „картелско“ здружување на маркетите, цените и во „КАМ“ и во „Веро“ ќе беа тука некаде, но и сами знаеме дека не е така.

3 (23) ■ вести > македонија ■ 19-Feb 11:34 -> 21-Feb 18:00
.
.
.
.

Сиљановска Давкова: Химната не треба да се менува

  • Гордана Сиљановска-Давкова во посета на МАНУ

  • Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со претставнички на „Македонија 2025"

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова смета дека химната на државата не треба да се менува и посочи дека таа, знамето и грбот во некои држави се опишани во Уставот.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе ја посети Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Претседаелката Сиљановска-Давкова, како што соопшти нејзиниот кабинет, ќе има средба со раководството на МАНУ.

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова денеска разговарала со Никица Мојсовска-Блажески, главна извршна директорка на „Македонија 2025" за зајакнување и продлабочување на односите со дијаспората.

5 (22) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Feb 15:24 -> 21-Feb 16:54
.
.
.
.

Тошковски: Засилените контроли на полицијата за 30 отсто ги намалија сообраќајните несреќи

  • Пет закони ќе се менуваат за квалитетно да профункционира „Безбеден град“

  • Тошковски во посета на Секторот за прекршоци кој ќе биде дел од системот „Безбеден град“

Со десет дена засилените сообраќајни контроли и зголемени број на регистрирани прекршоци за овој период од почетокот на годината досега, реално е намален бројот на сообраќајните незгоди за 30 отсто и сообраќајните незгоди со жртви за 60 отсто, истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Во Кривичниот суд денескаДо крајот на април се очекува сите измени на закони поврзани со безбедноста на сообраќајот во државата да бидат доставени до Собранието.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на министерството.

9 (146) ■ вести > свет ■ 19-Feb 06:18 -> 21-Feb 17:34
.
.
.
.

Зеленски: Разговорите со американскиот пратеник ја вратија надежта за договор со САД

  • Си-Ен-Ен: Трамп и задава нов удар на Украина, му дава нов поттик на Путин

  • Зеленски: Украина очекува единство од Западот, а Трамп шири руски дезинформации

  • Венс го предупреди Зеленски да не го критикува јавно Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вети дека Киев ќе работи брзо на изготвување на силен договор за инвестиции и безбедност со САД, нагласувајќи дека средбата со специјалниот пратеник на Вашингтон за Украина и Русија, Кит Келог, „ја вратила надежта“ за успех.

Американскиот претседател Доналд Трамп во своите најнови изјави даде најнепријателски коментари за Украина досега, нанесувајќи и нов удар на земјата и нов поттик на рускиот претседател Владимир Путин, оценува Си-Ен-Ен. Откако го исклучи украинскиот претседател Володимир Зеленски од првите разговори меѓу САД и Русија за завршување на војната, одржани во Ријад во вторникот, Трамп ја обвини Украина за започнување на конфликт што ја опустоши нејзината земја и уби илјадници нејзини луѓе, објави американската телевизија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски на денешната прес-конференција изјави дека неговата земја се надева на „сојузничка позиција во Европа, ЕУ и САД“ во, како што ја нарече, „неправедната војна“ против Украина, јави Би-Би-Си. – Не е лесно, но Кијив работи на тоа, изјави Зеленски, додавајќи дека Украина се обидува да организира средби, без да открие детали за учесниците.

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс го предупреди украинскиот претседател Володимир Зеленски да не го критикува јавно претседателот на САД, Доналд Трамп, зашто, како што вели, таквите забелешки се контрапродуктивни и потенцијално би им наштетиле на односите Киев-Вашингтон.

10 (28) ■ вести > македонија > политика ■ 19-Feb 08:52 -> 21-Feb 14:04
.
.
.
.

Мицкоски се сретна Фредерик Кемпе – претседател и извршен директор на Атлантскиот совет

  • Мицкоски во светот ја „ширел приказната за македонската судбина“

  • Мицкоски од Вашингтон: Не сакаме преговорите со ЕУ да се претворат во бескрајна приказна, прво завршени преговори па уставни измени

Остварив средба со Фредерик Кемпе во Вашингтон, претседател и извршен директор на Атлантскиот совет, објави на социјалната мрежа на Фејсбук премиерот Христијан Мицкоски.

Премиерот Христијан Мицкоски се пожали во Вашингтон дека Македонија на одреден начин е измамена затоа што не биле остварени ветувањата што ги даваа високи функционери на ЕУ пред промената на името и за влегувањето во НАТО и Унијата.

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека како нација сме претрпеле премногу понижувања, и сме прифатиле лоши договори во име на повисоки цели за евроатланските интеграции, а земјава се уште не е ниту на почетокот на патот за члетвство во ЕУ. Сега, вели тој, од нас се бараат повторно уставни измени, но, тоа сепак не гарантира извесност не евроинтегративниот пат.

13 (14) ■ вести > македонија ■ 21-Feb 11:47 -> 21-Feb 18:31
.
.
.
.

МИНЧЕВ: Би го замолил Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата за масовни вработувања во администрацијата

  • Меџити: Владата има одлука за трансформација на работниот однос на 1.500 вработени во здравството

Изјавата на вицепремиерот Меџити на партиски настан за масовни вработувања во јавната администрација во период од една година е класичен пример на предизборен популизам, без никаква правна или институционална основа.

Владата има одлука за трансформирање на работниот однос на 1.500 вработени во здравството, а кои со години работат на договор на дело, истакна дека вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, кој одговараше на новинарско прашање за неговата најава на партиски состанок за вработување на 1.000 Албанци во администрацијата.

Повеќе од
оваа категорија

48 (20) ■ спорт > кошарка > нба ■ 19-Feb 10:31 -> 20-Feb 22:12
.
.
.
.

НБА Топ 5: Вечер во знакот на додавањата на Лука Дончиќ (ВИДЕО)

  • Болен пораз за ЛА лејкерс, Дончиќ уште е во зимски сон

  • Леброн му покажа на Брони како треба: На 40 години изведе спектакуларно забивање! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во најсилната кошаркарска лига беше одигран само натпреварот помеѓу ЛА Лејкерс и Шарлот кој по триумф од 97-100 избори гостинскиот тим во Лос Анџелес.

НБА-сезоната продолжи по паузата за олстар викендот, а единствениот меч што беше денеска на програмата донесе изненадувачки резултат – Лос Анџелес лејкерс загуби на домашен терен од Шарлот со 97-100.

Леброн Џејмс и на 40 години игра фантастична кошарка, а изминатата вечер во поразот на Лос Анџелес Лејкерс се истакна со едно спектакуларно забивање со кое успеа да ја крене публиката на нозе.

Повеќе од
оваа категорија

237 (5) ■ бизнис > македонија ■ 19-Feb 14:10 -> 19-Feb 15:05
.
.
.
.

4iG ги зајакнува врските со водечките американски вселенски и технолошки фирми во Вашингтон

  • 4iG ГИ ЗАЈАКНУВА ВРСКИТЕ СО ВОДЕЧКИ АМЕРИКАНСКИ ФИРМИ Чекор кон подлабока соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

Претседателот на Групацијата 4iG, Гелерт Јасаи, одржа состанок со директори од SpaceX и со водечки американски компании за вселенска и енергетска технологија, сигнализирајќи голем чекор кон подлабока трансатлантска соработка во иновациите, одбраната и истражувањето на вселената.

252 (5) ■ бизнис > балкан > регион ■ 19-Feb 09:31 -> 19-Feb 10:18
.
.
.
.

Грчки медиуми: Започнаа прелиминарните работи во Грција за изградбата на интерконекторот со Северна Македонија

  • ГРЦИЈА ПОЧНА ДА ГО ГРАДИ ГАСНИОТ ИНТЕРКОНЕКТОР СО МАКЕДОНИЈА Ќе биде готов идната пролет

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

„Патувањето“ на новиот гасовод Грција – Северна Македонија започна, со оглед на тоа дека „Терна“ ги стартуваше моторите, започнувајќи ги прелиминарните работи за грчкиот дел од проектот, пишува грчкиот енергетски портал „Енерџи маг“ во однос на интерконекторот за природен гас меѓу двете земји, јави дописничката на МИА од Атина.

165 (9) ■ сцена > култура ■ 19-Feb 07:30 -> 19-Feb 16:24
.
.
.
.

Со Пласидо Доминго докажуваме дека сме на светската културна мапа, вели Оливер Арсовски од НОБ

  • Пласидо Доминго, еден од најголемите тенори на денешницата, на 14 март во Скопје

Еден од најголемите тенори на денешницата, но и врвен диригент, освојувачот на 12 Греми музички награди, Пласидо Доминго (83) , за првпат доаѓа во Скопје со премиерен и ексклузивен концерт на 14 март, 2025 година во арена „Борис Трајковски“, во организација на Прагма Продукција во копродукција со Македонска Опера и Балет . Неговиот репертоар вклучува повеќе од 150 улоги, достигнување кое не го направил ниту еден друг артист, со над 4,400 настапи, а потврда за неговиот уметнички статус е фактот што тој е почитуван диригент со повеќе од 600 настапи.

Славниот шпански тенор и диригент Пласидо Доминго на 14 март 2025 година ќе одржи концерт во арената „Борис Трајковски“.