Во осумте поголеми синџири на маркети вчера е забележан пад на вкупниот промет за 46,59 отсто во споредба на минатиот петок, информира Управата за јавни приходи (УЈП). Како што посочуваат од УЈП, вчера е забележан и пад од 46,29 проценти на вкупниот промет на осумте поголеми синџири на маркети во споредба со завчера.
Управата за јавни приходи го објави прометот на осумет најголеми трговски ланци во земјава на денот на бојкотот, но и ден претходно како и минатиот петок.