За најавите за промена на државниот грб, претседателот на Собранието Африм Гаши вечерва изјави дека не гледа дека има некоја инцијатива и кога би дошла, би ја разгледале во таа насока, како што е по Деловник, по Закон и по Устав.
Законот за соодветна и правична застапеност би требало за многу кратко време да влезе во собраниска процедура, најавува претседателот на Собранието, Африм Гаши, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. Иако не сака да прејудицира, сепак е убеден дека законот ќе може да се донесе во март или април зашто, според него, веќе одамна работат експерти кои сакаат да донесат добро и издржано решение согласно уставните начела.