Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е елиминиран во четвртфиналето на АТП турнирот во Доха. Sportski
Човекот кој е на 25. позиција на АТП-листата го елиминира Карлос Алкараз, кој го имаше приматот на главен фаворит за тронот.
Лехечка беше подобар од ривалот со 2-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-4). Натпреварот траеше повеќе од два часа, а Лехечка забележа триумф кој е можеби најголем во неговата кариера, иако има победи и над останатите членови во ТОП-10. Во наредната фаза во Доха патуваат и Феликс Ожие-Алиасим на кого Данил Медведев му предаде заради повреда, како и Андреј Рубљев кој со 2-1 во сетови (6-1, 3-6, 7-6) славеше над Алекс Де Минор. Gol