На реванш дуелот во салата „Автокоманда“ во Скопје, избраниците на Кирил Лазаров, откако на првиот дуел го совладаа ривалот со високи 12 гола разлика, денеска низ комбинаторики со составот дојде до нова убедлива победа, и покрај тоа што првото полувреме го добија гостите со 19-20. Но, во второто полувреме Алкалоид во супер-серија го скрши отпорот на Италијанците и со серија од шест гола во низа дојде до 30-23, што веќе значеше сигурна победа.