Хрватите во Македонија ќе имаат корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на земјата, бидејќи тоа ќе го олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство во Скопје на средбата со претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ, пренесува Индекс.хр. На официјалната средба со Јандроковиќ во Хрватската амбасада во Скопје, македонските Хрвати ја пренесоа својата посветеност за негување на хрватскиот јазик, историја и наследство, но и укажаа на предизвиците во областа на образованието, културата и медиумското претставување во нивните активности, се вели во соопштението од хрватското Собрание.
Хрватите во Македонија би имале голема корист од вклучувањето на хрватското национално малцинство во Уставот на Македонија, бидејќи сметаат дека на тој начин ќе се олесни одржувањето на нивниот идентитет, изјавија претставници на хрватското малцинство на средбата со претседателот на хрватскиот Сабор, Гордан Јандроковиќ, кој утрово пристигна во Скопје и тука ќе остане 3 дена.