Карлос Алкараз без потешкотии се пласира во четвртфиналето на Индијан Велс, совладувајќи го Григор Димитров со 2-0 по час и 14 минути борба. Gol
Карлос Алкараз ја продолжува одбраната на титулата во Индијан Велс откако ноќеска го растури Григор Димитров од Бугарија со 2-0. Шпанецот му дозволи само два гема на својот ривал (6-1, 6-1), а мечот траеше едвај 74 минути.
Димитров беше во игра само во вториот сет, при резултат 1-1, а Алкараз во два наврата освои по пет гема во низа. Sport1