Од ЕВН Македонија соопштуваат дека без електрична енергија во периодот од 08:30 до 11:00 часот, ќе останат дел од корисниците на село Рашче на влезот и кај долната Џамија, а во периодот од 11:00 до 15:30 часот, струја ќе нема во село Рашче кај школото и патот за село Копаница (општина Сарај). Во периодот од 08:30 до 11:30 часот, струја ќе нема на улицата „Иван Хаџиниколов“, на потегот од бр.11 до бр.33 (општина Кисела Вода), а од 09:00 до 14:30 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Страхојадица, Ново Село, дел од село Зелениково, Смесница, Пакошево во општина Зелениково. Press24