Тенисерот од Чешка, Јакуб Меншик првпат во кариерата ќе игра финале на еден Мастерс турнир откако ноќеска го победи третиот носител во Мајами, Тејлор Фриц со 2-1 (7-6, 4-6, 7-6). Меншик има само 19 години, а на Флорида оствари неколку значајни резултати, имајќи предвид дека во второто коло го елиминира победникот од Индијан Велс, Џек Дрејпер, потоа Сафиулин и Махач, за синоќа да го совлада и четвртиот светски рекет. Sport1