Израел изврши воздушни напади врз Иран во текот на ноќта, насочени кон неговата нуклеарна програма и капацитетите за балистички ракети со долг дострел, објави израелското воено радио.
Израел, според информации од американски и европски претставници, очигледно се подготвува да почне напад врз Иран, објави денеска „Њујорк тајмс“, потег што би можел дополнително да го дестабилизира Блискиот Исток и да ги загрози напорите на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да преговара за договор за спречување на Иран да развива нуклеарно оружје.
Американските претставници се информирани дека Израел е целосно подготвен да започне операција против Иран, изјавија извори за Си-Би-Ес њуз.САД очекуваат дека Иран би можел да возврати со напади врз одредени американски локации во соседен Ирак.
САД го намалуваат својот персонал кој не е од суштинско значење за активностите на земјите на Блискиот Исток, а причината е регионални немири, објавија Стејт департментот и американската армија.