Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција објави дел од кандидатите за градоначалници.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи Орце Ѓорѓиевски да биде кандидат за градоначалник на Градот Скопје од ВМРО-ДПМНЕ.
Освен секојдневно фотографирање и лажен ПР, Орце Ѓорѓиевски нема ништо реализирано во Кисела Вода.
ОРЦЕ ЃОРЃИЕВСКИ НАЈАВИ ДЕКА ЌЕ ГО ВОСКРЕСНЕ СКОПЈЕ Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ со големи амбиции фото: принтскрин Подготвен сум да го воскреснам Скопје, ќе останам близок со народот, а од мене не очекувајте да бидам салонски политичар, ќе ме гледате на терен, ќе работам максимално посеветено, истакна актуелниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, за кој денеска Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ донесе одлука да го кандидира за градоначалник на Град Скопје на локалните избори што ќе се одржат во октомври.